Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси е против трансферот на Мемфис Депај во каталонскиот клуб, објавија извори блиски до клубот,
Аргентинецот истакнал дека Усман Дембеле кого Барселона може да го продаде на Манчестер Јунајтед е подобро да остане во тимот, отколку на негово место да се носи Депај од Лион.
Претходно беше објавено дека Депај е главната трансфер цел на новиот тренер на Барса, Роналд Куман. Условите за личниот договор на Депај беа договорени пред неколку недели, но Лион не успеа да ја договори трансфер сумата со Барселона.

