Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, утре ќе се соочи со еден од неговите учители. Станува збор за Марсело Биелса кој седи на кормилото на Лидс Јунајтед.
„Тој е личноста што најмногу ја почитувам во светскиот фудбал и како тренер и како човек. Мислам дека тој е уникатен менаџер на сите времиња. Тој најмногу влијаеше врз мене“-изјави Гвардиола.
Шпанскиот тренер пред гостувањето кај Лидс се соочува со големи проблеми во нападот бидејќи првите стрелци Габриел Жезус и Серхио Агуеро се надвор од стројот.

