Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг го сподели своето мислење за атмосферата во тимот под водство на тренерот Микел Артета.
„Тој создава атмосфера што ги прави сите во клубот да се чувствуваат како дома. Дури не тера да си ја работиме домашната задача! Мислам дека во Арсенал се развива навистина добар менталитет, сите работат во еден единствен импулс. Многу е важно. Нашата цел е да го вратиме клубот на позициите каде што треба“, изјави Обамејанг за „BBC Sport“.
Артета ја презеде функцијата прв човек на клупата на Арсенал во декември 2019 година. Под водство на шпански тренер, англискиот клуб го освои Купот (сезона 2019/2020) и Суперкупот (2020) на земјата. Оваа сезона, Арсенал освои 6 поени на 3 натпревари и се наоѓа на 5-то место на табелата во Премиер лигата.

