Наполи е многу близу до привлекување на Тимуе Бакајоко од Челзи, објавија неколку медиуми во Италија. Играчот од средниот ред се согласи да се пресели во Наполи, а договорот нема да вклучува опција за купување на играчот по крајот на сезоната.
Бакајоко веќе има една сезона во Серија А со екипата на Милан, а до сега се сметаше дека скоро сигурно повторно ќе го облече дресот на „росонерите“, но на крајот тоа нема да се случи. Гигантот од Милано не успеа да постигне договор со лондончани за опцијата за откуп, бидејќи тие сакаа следното лето да можат да го привлечат играчот за 25 милиони, но не се обврзани да го сторат тоа.
26-годишниот играч за врска минатата година ја помина на позајмица во Монако, од каде што Челзи го купи за 40 милиони во 2017 година.

