Македонската фудбалска репрезентација во наредниот период ја очекува баражот со Косово во Лигата на нации и веднаш потоа средбите со Естонија и Грузија.
Селекторот Игор Ангеловски не може да го повика Елиф Елмас бидејќи е позитивен на ковид 19 додека Горан Пандев иако во Џенова има заболени од корона сепак е вметнат на списокот. На него е ставен и повратникот Ферхан Хасани.


