Фудбалерот од средниот ред Ерик-Максим Чупо-Мотинг е на пат да го засили Баерн (М). Европскиот шампион е заинтересиран за услугите на 31-годишниот камерунски фудбалер.
Преговорите меѓу клубот од Минхен и Чупо-Мотинг се во напредна фаза. По истекот на договорот со ПСЖ, Чупо-Мотинг е во статус на слободен агент. Така, Баерн нема да мора да плати за негов трансфер.

