Украинскиот маратонец Сергеј Шевченко е победник на Скопскиот маратон 2020 откако ја помина патеката во време 2:22:49 часа, додека второто место ми припадна на македонскиот атлетичар Дарио Ивановски кој имаше задоцнување од речиси девет минути. Третото место го освои српскиот натпреварувач Кристијан Тошиќ кој патеката ја мина со време 2:39:37 часа.
Кај дамите најдобра беше албанската атлетичарка Луиза Гега со време 2:35:34 часа, a второто место и припадна на нашата натпреварувачка Андријана Поп Арсова.
Што се однесува до полумаратонската трка во женска и машка конкуренција победија Миљана Ристиќ со време 1:25:31 часа односно Атанас Анчевски со време 1:14.09 часа.

