Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Тенис»Австралија Опен 2021 ќе се одржи со ограничен број на гледачи
    Тенис

    Австралија Опен 2021 ќе се одржи со ограничен број на гледачи

    risteBy riste04/10/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Извршниот директор на австралиската тениска федерација Крег Тили зборуваше за подготовките за Австралија опен во 2021 година.

    „Планираме да започнеме со подготовки кон средината на декември. Во овој момент, на турнирот ќе дојдат сите играчи, кои ќе треба да бидат во карантин две недели во различни градови на Австралија. Во текот на овие две недели ќе создадеме „меур“ во кој тие ќе можат да се преселат од хотелот до тренинг теренот на Австралија опен. Што се однесува до трибините, на нив ќе може да присуствуваат од 25 до 50 проценти од капацитетот на самите трибини. Се надеваме дека ќе успееме да ги испочитуваме сите протоколи затоа што здравјето и безбедноста на сите ни е на прво место. Сè надеваме дека ќе имаме одличен почеток на новата тениска сезона“, изјави Тили.

    Во моментов, планот е Австралија опен да се одржи од 18 до 31 јануари 2021 година. Актуелни шампиони на ова натпреварување се Новак Ѓoковиќ во машка  и Американката Софија Кенин во женска конкуренција.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Монфис ќе има нова улога во тенисот

    07/11/2026

    По 13 години Лина Ѓорческа ќе добие нов тренер, Лабудовиќ ја објави разделбата!

    05/11/2026

    Јаник Синер се повлекува од Мастерс турнирот во Шангај

    03/10/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.