Германската фудбалска федерација објави дека ќе подели бесплатни билети за следниот домашен натпревар на Бундес-тимот кога на навивачите ќе им биде дозволено да се вратат на стадионите.
Планирано е билетите да бидат дадени на луѓе кои се бореле со коронавирус или на оние кои биле во првите редови во борбата против инфекцијата.
Можно е тоа да се случи веќе во среда, кога Германија ќе ја одигра контролната средба против Турција во Келн. Фудбалскиот сојуз веќе подготвил 9.200 билети за натпреварот, но сето тоа зависи од одлуката на локалните власти.
Доколку контролата со Турција остане затворена за навивачите, Германија ќе биде домаќин на Швајцарија на 13 октомври, Чешка на 11 ноември и Украина на 14 ноември, што се следните опции за реализација на овој план на федерацијата.