Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер мораше да биде крајно разочаран по понижувачкиот пораз од Тотенхем со 1:6.
Тој призна дека ова бил неговиот најлош ден како играч и тренер во клубот. Норвежанецот ја презеде целосната одговорност за тешкиот пораз на „Олд Трафорд“.
„Се чувствувам ужасно, ова е мојот најлош ден во Манчестер Јунајтед како тренер или играч. Не можете да победите во натпревар по толку многу индивидуални грешки и таков перформанс. Тоа е прилично вознемирувачко. Ние не бевме ни близу до она што го сакав. Јас ја преземам одговорноста затоа што го одбрав составот за натпреварот, а оваа постава не беше на вистинското ниво за Манчестер Јунајтед“, рече Солскјер.
Тој исто така ја коментираше ситуацијата на почетокот на мечот, кога Ентони Марсијал беше исклучен со директен црвен картон затоа што го удри Ерик Ламела во лице. Пред тоа, сепак, Французинот исто така удрен од Аргентинецот, кој доби само со жолт картон.
„Постојат две гледишта за ситуацијата. Браво за Ентони што не падна на земја кога беше удрен по грлото, но тој не требаше да реагира така и да одговори со шлаканица во противникот. Секако дека по тоа следуваше исклучување, но ако Ентони како Ламела, јас ќе јадев само леб и вода две недели од срам. Тоа беше апсолутна срамота. Ако мој фудбалер направи нешто такво, тој ќе бидестрого казнет”, додаде Солскјер.

