Францускиот играч за врска на Арсенал, Матео Гендузи е близу до приклучување кон Херта Берлин, пренесуваат медиумите во Германија.
Во моментов, германскиот клуб преговара со Арсенал за позајмица на играчот за врска до крајот на тековната сезона. Во овој случај, трансферот нема да подразбира можност за откуп. Претходно беше објавено за интересот за Гендузи од англискиот Манчестер Јунајтед, шпанска Валенсија и францускиот Олимпик Лион.
Гендузи се приклучи на Арсенал од Лориент во 2018 година. Како дел од лондонскиот клуб, тој го освои ФА Купот во сезоната 2019/2020. Во дреесот на Арсенал тој одигра 82 натпревари, постигна еден гол и забележа пет асистенции. Трансфер периодот во Германија ќе се затвори денес, па последните неколку часови може да бидат оскористени за реализација на овој трансфер, односно договор за позајмица.