Атлетико Мадрид е пред финализирање на зделката за трансфер на играчот за врска на Арсенал, Лукас Тореира. 24-годишниот Уругваец веќе е во Шпанија и е подложен на лекарски преглед, пренесува „Фокс Спорт“.
Шпанците ќе платат 2 милиони евра за да го ангажираат играчот до крајот на сезоната 2020/21, и ќе имаат можност да го купат играчот за 18 милиони евра. Ова значи дека Атлетико Мадрид сега ќе се раздели со играчот од средниот ред Ектор Ерера.
За 30-годишниот Мексиканец, клубот веќе има понуда од Зенит. Фудбалерот размислува и за враќање во Португалија. Минатата сезона, Ектор Ерера играше на 21 натпревар и направи две асистенции.

