Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски од денес заедно со своите избраници предводени од капитенот Горан Пандев ќе се подготвува за натпреварите кои ја очекуваат нашата селекција во октомвриските репрезентативни натпревари.
Секако најзначаен е првиот, оној против Косово (8. октомври, Национална арена „Тодор Проески“) од полуфиналето во Лига на нации за пласман на Европското првенство, а потоа ќе следат двата натпревари против Естонија (11. октомври, Талин) и Грузија (14. октомври, Национална арена „Тодор Проески“) од новото издание на Лига на нации.
Капитенот на нашата фудбалска репрезентација Горан Пандев веќе пристигна во Скопје и ќе се приклучи на подготовкие заедно со останатите репрезентативци. Како што веќе објавивме Елиф Елмас од Наполи нема да биде во составот на македонската репрезентација поради позитивен тест на Ковид-19. Во националниот тим се враќа Ферхан Хасани од фински Хелсинки.
Вкупно 23. фудбалери се наоѓаат на списокот на селекторот Ангеловски за овие средби кои ја очекуваат нашата репрезентација во наредните 10 дена.
По денешниот собир кои ќе го имаат нашите фудбалери, планирано е првиот тренинг да го одржат во 17.30 часот на терените на ФФМ.

