Нашите најдобри фудбалери денеска го реализираа првиот тренинг во редуциран состав пред мечот со Косово во Лигата на нации или претпоследниот филтер за пласман на Европското првенство.

Селекторот, Игор Ангеловски, работеше само со дел од повиканите бидејќи другите ги чекаат резултатите од задолжителното тестирање за „Covid-19“. Средбата со Косово ќе ја пропушти членот на Наполи, Елиф Елмас, кој е позититивен на корона-вирусот.

Натпреварот со Косово ќе го одиграме в четврток од 20.45 часот на Арената во Скопје пред празни трибини.

