Младиот фудбалер, Рафаел Обрадор, потпиша за составот на Реал Мадрид. 16-годишниот лев бек кој го носеше дресот на Мајорка сега ќе настапува за екипата на „кралевите“.
Иако за големиот талент беше заинтересирана и екипата на Барселона, првиот човек на „белите“, Флорентино Перез, успеа да го убеди Обрадор да се пресели на – „Сантијаго Бернабе“.
Обрадор настапува и селекцијата на Шпанија до 16 години.

