Тео Волкот по речиси 15 години се врати во екипата на Саутемптон. Фудбалерот ќе настапува само една сезона како позајмен играч од Евертон.
-Саутемптон со гордост може да соопшти дека Тео Волкот, кој е еден од најславните производи на нашата академија се врати на Сент Мери- стои во соопштението на англискиот клуб.
Волкот е најмладиот играч кој дебитирал за првиот тим на Саутемптон. Тоа го направил во август 2005 година кога имал само 16 години и 143 дена.

