Аргентинскиот фудбалер, Емилијано Ригони, кој е на платниот список на Зенит од Санкт Петербург, е испратен на позајмица кај дебитантот во шпанската елита, екипата на Елче.
27-годишниот играч за врска и во претходните две сезони настапуваше како позајмен во Серија А во екипите на Аталанта и Сампдорија.
Ригони во тековниот шампионат има запишано 7 натпревари за рускиот состав.

