Македонската јуниорска репрезентација со еден боксер ќе настапи на 38. издание на „Војвоѓанска златна ракавица“ во Суботица.
Александар Ристовски член на БК Шкендија ќе ја претставува нашата земја во младинска конкуренција во која ќе има натпреварувачи од Србија, Бугарија, Романија… итн. Станува збор за исклучително силен турнир од А категорија.
Со Ристовски отпатува и тренерот Васко Цубалевски, во нашата делегација е судијата Стефан Цубалевски. Борбите започнуваат од утре и ќе траат до недела.

