За прв пат по 40 години, Реал Мадрид нема потпишано договор со ниту еден играч за време на летниот преоден рок, објаво весникот „АС“.
По завршената позајмица, во Реал Мадрид се вратија голманот Андреј Лунин (Овиедо), дефанзивецот Алваро Одриозола (Баерн Минхен) и играчот за врска Мартин Едегор (Реал Сосиедад). Клубот не направи нови трансфери. Мадридскиот клуб по постигнатите резултати од првите четири кола во шпанското првенство е на првата позиција со 10 бода.
Избраниците на Зинедин Зидан имаат натпревар помалку, бидејќи неговиот тим ја започна сезоната подоцна од другите поради учество во европски натпреварувања. Во изминатата сезона од Ла Лига, Реал Мадрид стана шампион откако освоија 87 поени и беше пред Барселона на врвот на табелата.

