Шпанската Барселона има сериозни финансиски проблеми, на крајот на финансиската година, Шпанците забележаа загуба во износ од 97 милиони евра.
Во исто време, управата на клубот е убедена дека ситуацијата најверојатно нема да се подобри, пренесува „Кадена Сер“. За да избегнат сериозни потешкотии, раководството на Барселона ги замолува играчите да ги намалат платите. Преговорите се водат преку „неформални индивидуални контакти“.
Исто така, клубот работи на продолжување на договорите на многу играчи. Претходно стана познато дека сумата која се издвоила за платите на фудбалерите за 2019 година изнесува 545 милиони евра.

