Англискиот второлигаш Нотингем Форест синоќа го назначи Крис Хатон за нов менаџер на тимот, откако претходно му врачи отказ на Сабри Ламуши.
Форест ги загуби првите четири натпревари од новата сезона во Чемпионишип лигата, а саботниот пораз од 2:1 од Бристол Сити го стави тимот на 22-то место на табелата, што беше последен сигнал на управата да реагира.
Хатон (61) доаѓа со свој прв ангажман откако го напушти Брајтон во 2019 година.

