Каталонскиот весник „Спорт“ денеска објави дека Барселона постигнала договор со Лион за трансферот на Мемфис Депај во последниот ден од преодниот рок, но шпанската Ла Лига не дозволила истиот да се реализира.
Причина е тоа што Барселона го надминала лимитот за плата договорен како мерка во борбата против финансиската криза предизвикана од пандемијата.
26-годишниот офанзивен играч требаше да пристигне на „Камп Ноу“ за плата од пет милиони евра, со исплата на бонуси од 10 милиони евра доколку се исполнети одредени услови.

