Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека се преземени сите потребни мерки за беспрекорна организација и одигрување на фудбалскиот натпревар од полуфиналето од Лигата на Нации меѓу Македонија и Косово на 8-ми октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
МВР во соработка со ФФМ и другите надлежни органи,ќе ги преземе сите aктивности за гарантирање на безбедноста на фудбалерите и другите учесници од пристигнувањето во Скопје, за време на натпреварот и по одигрување на мечот.
МВР во соопштението апелира да не се организира заедничко следење на натпреварот надвор од стадионот и да нема говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир, затоа што тоа најстрого ќе биде санкционирано.