Фудбалерот на Челзи, Оливие Жиру, беше пред трансфер во италијанската Серија А за време на летниот преоден рок.
Тогаш Јувентус, Интер и Лацио беа заинтересирани за Французинот кој сепак остана во редовите на „сините“.
„Не размислувам за враќање во Франција. Сакам да играм на највисоко ниво во Европа уште 2-3 години а потоа ќе можам да се преселам во МЛС. Бев близу до трансфер во Серија А, каде што ценат искусни играчи како мене, но, трансферот не се случи.“, рече напаѓачот на Челзи.

