Поранешниот репрезентативец на Бугарија и член на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов, вели дека „црвените ѓаволи“ направиле грешка за време на преодниот рок бидејќи не купиле нов централен дефанзивец.
„Разочарувањето кај навивачите на Јунајтед сега ќе биде уште поголемо. Ги зедоа Кавани и Телес, но, не ангажираа централен дефанзивец. Со недели потенцирам дека на тимто му треба таков играч“ – изјави Бербатов и се насочи кон ангажманот на Кавани.
„Јас сум огромен фан на Кавани. Тој дава многу голови и има големо искуство што може да биде корисно. Тој може да им помогне на Марсијал, Рашфорд и Гринвуд“ – напиша Бербатов.

