Кристијано Роналдо и другите играчи на Јувентус би можеле да претрпат сериозни казни откако решија да им се приклучат на своите репрезентации за време на паузата во Серија А.
Според мерките за контрола на коронавирусот во Италија, тоа не им е дозволено откако клубот регистрира два или повеќе случаи на инфекција со КОВИД-19. Португалската sвезда, како и Пауло Дибала, Хуан Куадрадо, Данило и Родриго Бетанкур, го напуштија хотелот пред да ги добијат резултатите од редовните тестови во текот на неделата.
Локалните здравствени власти најавија дека ќе обрнат внимание на она што се случило и можно е сите да бидат казнети за непочитување.

