Дефанзивецот на Реал Мадрид и шпанската репрезентација Серхио Рамос влезе како замена на пријателскиот натпревар со Португалија синоќа и со самото тоа го урна рекордот на голманот Икер Касиљас по бројот на одиграни минути во националниот тим. Рамос стигна до 13.336 минути на теренот во дресот на „фуријата“.
Покрај тоа, Рамос одигра и 173 натпревари за Шпанија, што е исто така рекорд за националниот тим.

