Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната Арена во Скопје од 20:45 часот го прави првиот чекор до настап на завршницата на едно континентално натпреварување. „Црвено жолтите“ во полуфиналето од баражот на Лигата на Нации го пречекуваат составот на Косово.
Македонскиот национален тим и без Елиф Елмас и поддршката од трибините, но со јасен оптимизам и желба за победа. Гостите дојода во Скопје со слични амбиции и најава дека се подготвени за една голема битка.
Пред денешната историска средба селекторот Игор Ангеловски порача.
„Ако во нешто сум сигурен тоа е дека утре фудбалерите ќе го дадат максимумот како никогаш досега во своите кариера. Очекувам победа и да ги израдуваме сите оние кои со години чекаат еден ваков резултат од нашиот фудбалски тим“, вели Ангеловски.

