Тенисерот од Белгија, Давид Гофин, кој беше елиминиран во првото коло на терените на Роланд Гарос е позитивен на Ковид-19 и ќе мора да биде во самоизолација во наредните две недели.
Веста ја потврди 29-годишниот тенисер кој ќе мора да го прескокне турнирот во Санкт Петербург кој ќе започне од понеделник
„За сега сум добро. Се надевам дека нема да имам посериозни проблеми и дека наскоро ќе се вратам на терените“ – изјави Гофин кој се наоѓа на 13-то место на листата на најдобрите тенисери.