Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, нема намера да го врати Месут Озил во екипата. Тој дури го избриша германскиот интернационалец и од списокот за Лигата на Европа.
Според правилата на УЕФА, на списокот мора да има 17 играчи. Артета одлучи покрај Озил да го изостави од европските мечеви и Сократ Папастатопулос.
Озил кој е еден од најплатените фудбалери на „топчиите“ со неделни примања од 350.000 фунти нема настапено за лондончани од 7 март.
