Нашата млада фудбалска репрезентација до 21 година славеше убедливо на теренот на Казахстан со 4-1 и се зацрвсти на второто место во квалификациската група за пласман на Европското првенство.
Головите за македонија ги реализираа: Чурлинов (2), Атанасов и Митревски додека погодокот за домаќините беше дело на Омиртаев. На табелата Шпанија со 16 бода од шест меча е лидер, Македoнија сега има 13 (7 меча), Казахстан остана на 10 (8), Израел има 8 (6), Црна Гора 7 (7) а Фарските острови се последни со 3 бода (6).
Македонија в среда на 13 октомври во Скопје ќе излезе на мегдан со Израел.
