Македонскиот голман и член на Арсенал Дејан Илиев во наредниот период ќе го носи дресот на англискиот тим Шревсбери Таун.
Од оваа екипа објавија дека потпишале договор со голманот на Арсенал на краткорочна позајмица.
Фудбалскиот клуб Шревсбери Таун е воодушевен што ќе го има Дејан Илиев во клубот. 25-годишниот голман се приклучува на клубот на договор за краткорочна позајмица до крајот на јануари.

Сем Рикетс е задоволен што го обезбеди чуварот на „топџиите“ и со нетрпение очекува да работи со Македонецот.
„Дејан е во Арсенал веќе неколку години. Тој, исто така, напредуваше во возрасните групи и со Македонија – тој има добро минато. Тој беше на позајмица во Полска и Словачка, така што сме задоволни што го добивме во нашите редови. Тој носи поголема конкуренција за голманската позиција. Ние сакавме да привлечеме уште еден голман и со нетрпение очекуваме да работиме со него“ изјави Рикетс.

