Фудбалската репрезентација на Македонија на утрешниот меч со Естонија ќе биде драстично ослабена. Покрај „поцрвенетиот“ Муслиу кој нема право на настап, дефинтивно ќе мораме да се појавиме и без Адеми, Тошевски и Бејтулаи кои се повредени и не отпатуваа со тимот во Талин.
Заменик капитенот Стефан Ристовски ќе патува, но неговиот настап е под знак прашалник, затоа што и тој с епожали на повреда.
Македонија утре од 18 часот ќе го одигра мечот од 3. коло во ЛН.

