Македонија денес треба да го одигра третио натпревар од новата сезона во Лигата на нации, гостува кај Естонија во Талин.
Откако по првите две кола остварија една победа и еден нерешен резултат, избраниците на селекторот Ангеловски денес ќе се обидат да ја продолжат добрата серија и да останат на првата позиција пред домашниот натпревар со Грузија за наеколку дена. И покрај тоа што селекцијата на Естонија е без бодови по првите две кола, то ане смее да ги излаже нашите репрезентативци, напротив имаат желба и мотив да продолжат со победи по големиот успех и пласманот во финалето против Грузија.
Селекторот Игор Ангеловски ќе мора да прави неколку промени во однос на дуелот со Косово, пред се поради казнетиот Муслиу, и повредените Бејтулаи и Тошевски од одбраната и Адеми од средниот ред,. Сигурно дека ќе им даде одмор на неколку клучни фудбалери, а ќе ја менува и дефанзивната линија. Естонците се без победа од март минатата година и се во серија од 11 натпревари без успех.
Во нив остварија само еден нерешен резултат и десет порази. Селекторот Ангеловски на вчерашната прес-конфереција истакна дека за него и репрезентативците секој натпревар е важен и дека и овој настап во Лигата на нации може да не донесе многу блиску до бараж за пласман на СП.
Натпреварот Естонија – Македонија се игра на „А. Ле Кок Арена“ со почеток од 18:00 часот.

