Со головите на Пандев и Зајков во финишот на мечот нашата фудбалска репрезентација се спаси од пораз на теренот на Естонија во рамките на 3 коло во Лигата на нации во „Ц“ конкуренцијата.
Во крајно возбудлив дуел на крајот дојде до поделба на бодовите иако во поголемиот дел од мечот нашите фудбалери имаа доминација. Во 3 минута Кокс си постигна автогол додека во 33-та Сапинен реалзираше за 1:1 а во 61-та истиот играч погоди за 2:1. Откако Трајковски не реализираше пенал во 67 минута, домаќините не ја пропуштија шансата од 11 метри во 76 минута и направија предност од два гола. Сепак избраниците на Анегловски со пеколен финиш преку Пандев и Зајков се изборија за 1 бод. Во вториот меч во нашата група Ерменија и Грузија одиграа 2:2.
На табелата Македонија и Грузија имаат по 5 бодови, Ерменија 4 а Естонија 1. На 14 октомври Македонија ја чека дербито со Грузија во Скопје додека Естонија ќе ја пречека Ерменија.

