Уругвајскиот напаѓач, Единсон Кавани, ќе има шанса да настапи со неговиот далеку помлад сонародник, Факундо Пелистри, во редовите на Манчестер Јунајтед.
19-годишниот фудбалер за 8,5 милиони евра беше купен од Пењарол додека Кавани дојде на „Олд Трафорд“ откако му истече договорот со Пари Сен Жермен.
„Пелистри е млад типичен играч од Јужна Америка кој ужива во играта. Тој во Пењарол покажа за што е способен. Тој доаѓа во клуб како Манчестер Јунајтед исполнет со желба да учи и да созрева како фудбалер“ – вели Кавани за неговиот сонародник.