Селекторот на нашите најдбри фудбалери, Игор Ангеловски, мораше да направи неколку промени во ростерот за мечот со Грузија во рамките на 4 коло од Ц Лигата на Нации.
Тој го ослободи од обврските Ферхан Хасани и повика замени за Енис Барди кој има жолти картони и Стефан Спировски кој се жали на повреда. Репрезентативнито дрес сега ќе го облечат: Љупче Дориев и Енур Тотре од Шкендија, Томе Китановски (Македонија Ѓорче Петров) и Дарко Мицевски од Вардар.
Четворицата веднаш ќе и се приклучат на селекцијата бидејќи доаѓаат од домашното првенство. Средбата со Грузија е закажана на 14 откомври од 20.45 часот на Арената во Скопје.
