Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утре на терените на ФФМ ќе се сретне со Израел во дербито на 9 коло во групата 6 за пласман на Европското првенство. Нашиот играч, Јани Атанасов, вели дека тимот е подготвен за големи успеси.
„Ни преостанаа уште три меча. Одработивме добро во Казахстан, се надеваме дека ќе продолжиме така.Израел е добар тим“ – вели Атанасов.
„Заедно со селекторот, одиме на три бода. Имаме квалитет. Подготвени сме за предизвикот“ – вели Атанасов.