Легендата на фудбалскиот состав Барселона, Карлес Пујол, проговори за конфликтот меѓу Лео Меси и раководството на клубот откако големата ѕвезда во текот на летото јавно побара да си замине.
Еден од најдбрите дефанзивци во историјата на клубот вели дека не може да ја замисли Барселона без Аргентинецот.
„Како секој навивач на Барселона, не сакам Меси да си оди, но, тоа е фудбалот. На крајот реши да остане а неодамна кажа дека е мотивиран и дека сака да победува. Се надевам дека ќе остане уште многу години во клубот“ – изјави Пујол.
