Нашите најдобри фудбалери утре ќе излезат на мегдан со Грузија во новото коло во тековната сезона во „Ц“ Лигата на Нации. Селекторот Игор Ангеловски иако се соочува со повеќе проблеми во ростерот, најавува дека ќе се оди на полн погодок.
„Утре играме со противник со кој ќе се соочиме во финалето. Без оглед на сите отсутни играчи, сите кои ќе се најдат на теренот имаат должност да дадат максимум. Прв пат играме три меча за седум“ – изјави Ангеловски.
„Ја анализиравме Грузија, одиме по трите бода, бидејќи тоа не остава на првото место. Кога станува збор за формацијата, знаете дека играме и со тројца стопери и со четворица во одбраната. Двете формации ни носат добри резултати“ – потенцираше Ангеловски.

