Серхио Рамос ќе остане во Реал Марид до крајот на кариерата и покрај пишувањата на медиумите дека можно е да го напушти Мадрид следното лето и да се преслеи во Јувентус или ПСЖ.
Шпанска “Марка“ вчера објави дека заминувањето на Рамос е само плод на шпекулации и дека Реал нема да му дозволи да си замине.
„Серхио Рамос не оди никаде, набргу ќе потпише нов договор со Реал Мадрид и тоа не е ништо ново. Нема никакви проблеми. Тој сака и натаму да игра за Реал Мадрид, тоа го сака и Флорентино Перез и затоа Рамос останува во Мадрид“, пишува весникот.