Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»ОФМ одржа седница на Собранието во Скопје
    Домашен микс

    ОФМ одржа седница на Собранието во Скопје

    sasoBy saso14/10/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Одбојкарската федерација на Македонија вчера одржа седница на Собранието во Скопје, на којашто главни точки беа финансискиот извештај за 2019-та, како и новиот Статут на ОФМ. Во присуство на голем дел од клубовите, отсуствуваа само Наковски волеј и Дибра волеј, највисокото тело на Федерацијата со огромно мнозинство го изгласа финансискиот извештај за минатата година (два гласа против и еден воздржан), а откако дискутираше за предложениот Статут, го усвои највиоскиот правен акт со забелешка дека се уште е отворена опцијата да се менуваат одредени одредби во насока на функционалност во работата.

    „Задоволен сум што клубовите активно учествуваа во работата на денешната седница којашто практично беше продолжение на Изборното собрание од Штип. Усвоивме неколку акти коишто ќе ни овозможат поефикасно работење во исполнувањето на целите коишто се наш приоритет“, изјави претседателот на ОФМ, Петар Јовановски.

    Покрај за нормативните аспекти, делегатите-претставници на клубовите разменија мислења и за низа прашања во врска со организација на претстојната сезона во актуелните здравствени околности, како и за кровните насоки во развојот на одбојкарскиот спорт кај нас, по што Извршниот одбор на Федерација треба да донесе одлуки во претстојниот период.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.