Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед дефинитивно не успеа во намерата да го ангажира во текот на летото, Кинсли Коман од Баерн Минхен, иако многу шпекулации велеа дека „црвените ѓаволи“ испратиле атрактивна понуда.
Тоа денеска го негираше директорот на Баварците, Хасан Салихамиџиќ, кој објасни дека до клубот не пристигнала никаква понуда од Англија.
Тој во последното интервју нагласи дека и да имало понуда за нивниот играч, веднаш ќе била одбиена.
