28-годишниот офанзивен играч за врска на данската репрезентација Кристијан Ериксен по големата победа над Англија синоќа на Вембли изјави дека чувството по победата е навистина посебно.
„Ова е посебно чувство. Прво да се одиграат 100 натпревари за Данска, како и да се победи Англија на Вембли. Пред натпреварот, знаев дека не сме победиле кај нив 37 години. Значи, да се застане тука како победник е посебно чувство“, изјавил фудбалерот на Интер.

