Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт истакна дека Хари Мекгваер има поддршка од сите во националниот тим. Капитенот на Манчестер Јунајтед го заврши натпреварот против Данска по само 31 минута, откако го доби вториот жолт картон.
Тоа беше уште една во низата лоши игри на најскапиот дефанзивец во светот, кој беше под критики од почетокот на клупската сезона.
„Тој се соочува со секакви критики од луѓе кои мислат дека знаат подобро. Според мене, тој е врвен играч и тој е важен дел од тимот. Сега тие фрлаат дрва и камења кон него. Сепак, тој е доволно голем да се справи со тоа и знае како да излезе посилен. Тој ја има нашата целосна поддршка, и сигурен сум дека на ист начин размислуваат и во неговиот клуб. Сè ќе се сврти“, изјавил Саутгејт на пресконференцијата по синоќешниот пораз од Данска.

