Фудбалското првенство на Аргентина ќе продолжи на 30 октомври по пауза од седум месеци предизвикана од пандемијата која го зафати светот, објави претседателот на Аргентинскиот фудбалски сојуз (АФА).
“Фудбалот се врати! Ние мора да ги почитуваме здравствените стандарди и сега имаме можност повторно да уживаме во фудбалот”, вели Клаудио Тапија.
Тој додаде дека првенството во Примера дивизион започнува на 30 октомври, а втората лига започнува една недела подоцна на 7 ноември.
Почетокот на шампионатите ќе биде без присуство на гледачи.

