Легендарниот тренер на фудбалерите на Арсенал, Арсен Венгер, кој со децении седеше на кормилото на „точиите“, напиша автобиогарфија во која изненадувачки го нема во ниту еден дел името на Жозе Мурињо.
Во книгата насловена – „Мојот живот во црвено бело“,Французинот ги има опишано збиднувањата од 22-те години поминати на „Емирати“, но, во ниту еден дел не го споменува ривалството со Мурињо. Тоа наметна одредени праша кај читателите, на кои Венгер се обиде да даде одговор.
.„Не сакав да напишам книга во која ќе ги решавам незавршените проблеми. Сакав да биде позитивна книга, во секој случај имам повеќе битки со Фергусон отколку со Мурињо. Натпреварувањето те тера понекогаш да го замразиш противникот. Мислам дека Фергусон не ме сакаше како и јас него“ – изјави Венгер.