Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Пингпонгарите го завршија есенскиот дел од првенството
    Домашен микс

    Пингпонгарите го завршија есенскиот дел од првенството

    sasoBy saso19/10/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По одигрувањето на последниот турнир од есенскиот дел на првенството во пинг понг во најсилната лига екипата на Младост 96 од Прилеп со максимален учинок, девет победи од девет одиграни натпревари неприкосновено го освои првото место. На второто место се наоѓа уште една прилепска екипа, Младост кои единствениот пораз во есенската полусезона го забележаа против градскиот ривал Младост 96. Во последните две кола Младост забележа минимални победи од 4:3, против директниот конкурент за второто место, штипските Шампион ФА и екипата на НЕЦ 2.

    Од четвртото до седмото место потполно изедначени според бодовната состојба се наоѓаат четири екипи, новиот супер лигаш Крива Паланка 2007 е на четвртото место, петтопласиран е Вардар кој после почетните четири порази на почетокот на сезоната, во следните пет кола забележа четири победи, шеста е екипата на НЕЦ 2 за кои игра играчот од Србија Милош Миленковиќ, кој во есенскиот дел од сезоната нема пораз, и на седмото место се пласираа Работнички кои со  поразеите во последните две кола од четвртото место паднаа на седмото место на табелата. Радовиш е осмопласиран со бод повеќе од екипата на НЕЦ. Последна е екипата на Струга кои во есенскиот дел не забележаа ни една победа.

    Важно е да се спомене дека на сите натпревари од петте турнири кои се одиграа во СЦ Борис Трајковски, А1 арена максимално се почитуваа препораките за борба против корона вирусот.

    Натпреварите од Супер лигата продолжуваат напролет.

    Следно на пинг понгарската сцена во есенскиот дел од сезоната се натпреварите од јуниорската лига и рангирните мастерс турнири во сите категории.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.