Напаѓачот на Вулверхемптон, Адама Траоре, е близу до потпишување нов договор со неговиот сегашен клуб, пренесува весникот „Сан“.
Според информациите, „волците“ му понудиле на шпанскиот напаѓач да потпише нов 4-годишен договор, зголемувајќи ја неговата плата скоро двапати на 110.000 евра неделно.
За Траоре сериозно беа заинтересирани Ливерпул и Барселона, но информациите говорат дека тој најверојатно уште долго ќе остане во својот сегашен клуб. Траоре му се приклучи на Вулверхемптон во 2018 година од Мидлсброу за 20 милиони евра. Оттогаш има одиграно 95 натпревари за „волците“ со 7 гола и 15 асистенции.

