Ѕвездата на Вулверхемптон, Раул Хименез е предмет на интерес од голем број европски гиганти, но според шпанскс „Марка“ сериозен интересен за него во моментов има од шпанскиот гигант, Реал (М).
Реал има голема конкуренција за неговиот потпис во Јувентус кој исто така преку свои преставници продолжува да ја следи ситуацијата околу играчот и се надеваат дека ќе ги обезбедат неговите услуги во јануари.
И самиот Хименез потврди дека со постојаните шпекулации за негов трансфер во врвен клуб, како да му се отвора врата за заминување.
„Секој ден пишува дека заминувам. Така беше додека бев на одмор. Но, како што можете да видите, сè уште сум играч на Вулверхемптон. Се чувствувам среќен во тимот и барем засега не сум размислувал за заминување. Се разбира, никој не знае што ќе ти донесе утрешниот ден“, вели Мексиканецот.

